Трамп самоуверен: Ќе бидам и 47 претседател на САД (ВИДЕО)

Додека се спрема да удри топче на голф теренот, играчот кој бил покрај Доналд Трамп го претставува како „45 претседател на САД“, додека Трамп на тоа самоуверено одговара „45 и 47 претседател“, пред да замавне со палката.

EPA-EFE

Видеото кое се појави на интернет е потсетник дека поранешниот претседател има намера да се кандидира за претседател во 2024 година.

Истрагите, кои се водат во повеќе судови, разгледуваат сè од потенцијална измама и мешање во изборните резултати, до потенцијалната улога на Трамп во немирите од 6 јануари минатата година, кога загинаа пет лица.

Асошиејтед прес пишува дека популарноста меѓу републиканците му паднала на 71 отсто, во споредба со 78 отсто во септември 2020 година, врз основа на анкетите.

Меѓутоа, нова анкета покажува дека речиси тесно мнозинство републиканци, од 56 отсто, сакаат да го видат како претседателски кандидат на изборите во 2024, додека 44 отсто се против.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе