Трамп поради броењето на гласовите најави: Штом заврши гласањето ги вклучуваме адвокатите

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно сомничаво се осврна на интегритетот на американскиот изборен систем, кажувајќи дека пребројувањето на гласовите испратени по пошта растегнато по изборниот ден би било „ужасно нешто“, додавајќи дека би можеле да се вклучат неговите адвокати.

EPA-EFE

Американските претседателски избори се одржуваат утре и имајќи предвид дека заостанува зад демократскиот противкандидат Џо Бајден во анкетите, Трамп набрзина ги помина клучните државо во доцен лов на поддршка.

Американците побрзаа на рано гласање, предавајќи речиси 95 милиони гласачки ливчиња, од кои над 60 милиони по пошта, за кои во некои ќе бидат потребни денови или недели да се пребројат, што значи дека претседателот може да не биде прогласен во часовите откако ќе затворат гласачките места утре вечер.

„Мислам дека не е чесно што мораме да чекаме толку долго по изборите“, кажа Трамп. Некои држави, вклучувајќи ја Пенсилванија, не почнуваат со пребројувањето на гласовите кои пристигнале по пошта до изборниот ден, поради што процесот се успорува.

Трамп неколку пати без докази повтори дека кај поштенските гласови има место за измама, иако изборните експерти велат дека тоа исклучително ретко се случува на американските избори. Гласањето по пошта е долга традиција на американските избори. Демократите повикаа на гласање по пошта како безбеден начин на предавање на ливчињата за време на пандемијата на коронавирусот, додека Трамп и републиканците сметаат на голема излезност на изборниот ден.

„Ноќта на изборите, откако ќе заврши гласањето, ќе ги вклучиме адвокатите“, им кажа Трамп на новинарите, без да даде понатамошно објаснување.

Трамп го негираше извештајот на Аксиос дека им кажал на своите луѓе дека во вторник вечер ќе прогласи победа ако изгледа дека води, дури и ако исходот на изборниот колегиум не биде јасен. Но кажа дека е „ужасно нешто“ што гласачките ливчиња ќе бидат преброени по изборниот ден.

На прашањето за извештајот на Аксиос, Бајден на новинарите им кажа: „Претседателот нема да ги украде овие избори“.

Трамп, кој не сака да стане првиот актуелен претседател кој го изгубил вториот мандат по републиканецот Џорџ Х.В. Буш во 1992 година, заостанува зад Бајден во анкетите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе