Асошиејтед прес

Трамп планира да ја употреби американската Национална гарда за да ги апси нелегалните емигранти?

Администрацијата на Доналд Трамп повторно предизвика бурни реакции откако Асошиејтед прес објави дека добиле извештај во кој се спомнува акција без преседан.

Министерот за државна безбедност Џон Кели, имено, во извештајот напишал дека треба да се испратат 100.000 припадници на Националната гарда кои би ги приведувале нелегалните емигранти низ САД. Ако се нареди оваа акција, гувернерите на 11 држави ќе треба да потврдат дали ќе испратат војска од своите држави.

Државите кои би биле опфатени со оваа мерка се четирите држави покрај границата: Тексас, Њу Мексико, Аризона и Калифорнија, но и седумте соседни држави – Луизијана, Араканзас, Оклахома, Колорадо, Јута, Невада и Орегон.

Индипендент пишува дека Шон Спајсер, портпаролот на Белата куќа ги негирал извештаите кои ги прогласил за 100 отсто лажни, но не можел да каже дека за такво нешто никогаш не се разговарало во Белата куќа.

Изразено ниската вредност на вложување во науката и истражувањата во Македонија е јасен знак за отсуство на грижа на државата за овие суштински дејности. 

повеќе

Последните 11 години Македонија е окована во аграрен, ксенофобичен и социо-економски популизам, кој не се однесува на интересите и потребите на граѓаните, туку на оние кои се повинуваат на волјата на елитата.

повеќе

Политичарите изразуваат „загриженост“ за аерозагадувањето на начин што нѐ оддалечува од наоѓањето решенија, наместо да не доближува.

повеќе