Истакна дека не сака насилство

Трамп: Најавите за отповикување предизвикуваат гнев во земјата (ВИДЕО)

Претседателот на САД Доналд Трамп им кажа денес на новинарите во Белата куќа дека најавите за отповикување предизвикуваат „огромен гнев“ во земјата, но истакна дека не сака насилство.

EPA-EFE

Зборувајќи за отповикувањето кое демократите планираат да го почнат против него, Трамп кажа дека тоа е „навистина ужасно нешто што тие го прават“, но додаде: „Ние не сакаме насилство. Никогаш насилство, апсолутно не на насилството“.

Тој им се обрати на новинарите пред да замине да ја посети американско-мексиканската граница. Ова беше прва изјава на Трамп пред новинарите по упадот на неговите поддржувачи во Конгресот.

„Отповикувањето е продолжување на најголемиот лов на вештерки во историјата на политиката“, кажа Трамп.

Трамп оцени дека неговиот говор пред поддржувачите минатата недела пред нивниот упад во Капитол бил „сосема соодветен“.

Тој оцени и дека социјалните мрежи, како Твитер и Фејсбук, кои ги укинаа неговите профили прават „катастрофална грешка“.

Лидерите во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, каде демократите го имаат мнозинството, ја продолжуваат процедурата на одвоените резолуции за отповикување на претседателот, кои ќе почнат да се разгледуваат утре наутро. Тоа би била втора процедура за отповикување на Трамп чиј мандат истекува за осум дена.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе