Трамп на својата социјална мрежа објави: Се вратив!

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во четвртокот конечно се обрати на социјалната мрежа Трут Соушл што ја отвори пред два месеци, пишувајќи: „Се вратив!"

Фото: ЕПА

Трамп го прекина молкот веднаш откако Илон Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари, најавувајќи поголема слобода на говор на таа социјална мрежа.

Твитер му забрани пристап на поранешниот републикански претседател минатата година, наведувајќи ги стравувањата од поттикнување насилство откако неговите поддржувачи влегоа насилно во Капитол на 6 јануари 2021 година.

Републиканците ја прославија новата сопственост на Маск надевајќи се дека лидерот на Tесла ќе го врати Трамп на таа платформа. Но, поранешниот претседател изјави дека не се враќа на Твитер.

Во објавата од четвртокот на новата апликација насловена како „вистина“, моделирана како Твитер, Трамп напиша „Се вратив!“ повикувајќи се на наводна случајна објава на Твитер во 2017 година која стана вирална.

Молкот на Трамп на социјалната мрежа Трут Соушл која ја отвори на 21 февруари, покрена прашања за одржливоста на неговата апликација.

Маск во средата на „својата“ социјална мрежа напиша дека „Трут Соушл постои затоа што Твитер го цензурирал слободниот говор“, објавувајќи подоцна дека републиканската апликација „во моментов ги победува Tвитер и ТикТок“ во онлајн продавницата на Епл.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе