„Нема да се откажеме“

Трамп на насобраните поддржувачи им кажа дека никогаш нема да го признае поразот (ВИДЕО)

Претседателот на САД во заминување Доналд Трамп кажа денес дека „никогаш нема да го признае поразот“, две недели од преземањето на функцијата од страна на Џо Бајден.

EPA-EFE

„Никогаш нема да се откажеме. Никогаш нема да го признаеме поразот“, кажа Трамп пред собирот на неговите поддржувачи во близина на Белата куќа.

„Ние ги добивме изборите, и ги добивме убедливо“, кажа тој, спротивно на сите докази и во недостиг од докази во прилог на неговото тврдење за изборни измами.

Тој го повика својот потпретседател Мајк Пенс да не ја потврди победата на Бајден на вонредната седница на Конгресот, и кажа дека сите републиканци во американскиот парламент е „слаби и бедни“.

„Ако Мајк Пенс постапи како што треба, ние ги победуваме изборите. Ако не го направи тоа, ќе биде тажен ден за нашата земја“, кажа претседателот во заминување пред илјадниците свои поддржувачи во Вашингтон.

Мајк Пенс претседава на заедничката седница на Конгресот на која треба официјално да се потврдат гласовите на електорскиот колегиум во прилог на Џо Бајден. Неговата улога е чисто церемонијална.

Пенс нема овластување да го блокира процесот на потврдување на електорските гласови. Според уставот на САД, потпретседателот нема овластување да изрази противење, тоа го прават пратениците во Претставничкиот дом и Сенатот, а и електорите на сојузните држави избрани во согласност со законите на тие држави.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе