Трамп му кажа на Ердоган дека странско мешање може да ја „искомплицира“ ситуацијата во Либија

Американскиот претседател Доналд Трамп на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор му кажал дека надворешни пртагонисти ја комплицираат ситуацијата во Либија, а двајцата лидери се согласиле дека е потребно да се смират тензиите во Сирија, соопшти Белата куќа.

Не е јасно на кои земји или ентитети мислел Трамп, а во соопштението на Белата куќа не се наведени детали.

Анкара вчера одобри закон со кој се одобрува разместување војници во Триполи што отвора пат за воена соработка меѓу Турција и либиската влада на национално единство поддржана од Западот.

Иако разместувањето нема да се случи набрзо, Ердоган кажа дека војници ќе ја поддржат владата на чело со премиерот Фајез ал Сарај која се брани од офанзивата на генералот Халифа Хафтар, кого го поддржуваат Русија, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Јордан.

Трамп и Ердоган ја истакнале „важноста на дипломатијата во решавањето на регионалните прашања“, а разговарале и за Сирија, соопшти кабинетот на турскиот претседател.

„Лидерите се сложија дека е потребно да се деескалира ситуацијата во Идлиб во Сирија, за да се заштитат цивилите“, соопшти Белата куќа.

Трамп минатата недела зборуваше против „колежот во Идлиб“, а Москва и Дамаск ги отфрлија тврдењата за произволни бомбардирања на цивили и велат дека се борат против џихадистите.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе