НА СВОЈАТА ПРВА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА

Трамп: Мислам дека Русите хакираа! (ВИДЕО)

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека првпат верува дека Русија стои зад предизборното хакирање.

„Мислам дека тоа беше Русија“, рече Трамп на својата прва прес-конференција како новоизбран претседател алудирајќи на хакирањето.

Тој додаде дека Русија не е единствената земја што хакира американски цели и ги обвини демократите дека немаат доволно програми за сајбер-безбедност.

Прес-конференцијата ја почна неговиот портпарол, Шон Спајсер, критикувајќи го „ловот на политички вештерки“ по информациите дека руски оперативци тврдат дека имаат компромитирачки лични и финансиски информации за Трамп.

Идниот заменик-претседател, Мајк Пенс, исто така, ги критикуваше медиумите, пред да се појави Трамп, кој продолжи со својата критика кон американските разузнавачки служби.

„Сакам да кажам и морам да кажам дека сакам да им се заблагодарам на многуте медиумски организации што се тука денес затоа што ја виделе таа глупост што беше објавена можеби од разузнавачките агенции и ја отфрлиле“, изјави Трамп. „Но тоа би било огромна дамка врз угледот на разузнавачките агенции ако го сториле тоа. Нешто што никогаш не требало да се напише, никогаш не требало да се има и секако никогаш не требало да биде објавено.“

Поголем дел од прашањата од новинарите се фокусираа на Русија и на извештаите за разузнавачки информации за наводно мешање на Москва во изборите во САД.

„Хакирањето е лошо и тоа не треба да се направи. Но погледнете што научивме од хакирањето: дека Хилари Клинтон ги добила прашањата за дебатата и не го пријавила тоа? Тоа е ужасна работа“, изјави Трамп.

Одговарајќи на прашања за своите односи со рускиот претседател Владимир Путин, Трамп изјави дека „ако Путин го сака Доналд Трамп, тоа го сметам за предност, а не за слабост“.

„Дали искрено верувате дека Хилари ќе беше построга кон Путин од мене? Ма дајте ве молам“, рече тој.

Зборувајќи за можниот судир на интереси од неговиот бизнис, Трамп изјави дека „нема заеми, нема зделки, ниту очекува зделки со Русија“.

Тој рече дека викендов во Дубаи му биле понудени 4 милијарди долари за зделки, но дека одбил.

Веројатно е најдобро претседателот Иванов да не го дава мандатот додека не се даде на увид законот за употреба на албанскиот јазик и другите планови на новата коалиција

повеќе

Изразено ниската вредност на вложување во науката и истражувањата во Македонија е јасен знак за отсуство на грижа на државата за овие суштински дејности. 

повеќе

Последните 11 години Македонија е окована во аграрен, ксенофобичен и социо-економски популизам, кој не се однесува на интересите и потребите на граѓаните, туку на оние кои се повинуваат на волјата на елитата.

повеќе