Трамп ќе го напушти Вашингтон пред инаугурацијата на Бајден, сака да лета со Претседателскиот авион

Трамп рекол дека не му се допаѓа идејата за последен пат да замине од Вашингтон како бивш претседател, летајќи со летало што не е познатиот Претседателски авион. Исто така, особено не му се допаднала помислата да бара од Бајден дозвола да го користи авионот, според лице запознаено со ова прашање.

Фото: ЕПА

Претседателот Доналд Трамп сака да го напушти Вашингтон пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден, затоа што не сака да замине како поранешен претседател, ниту да моли да позајми Претседателскиот авион, објави денеска Си-ен-ен.

Според луѓето што му се блиски, тој уште од пред ноемвриските избори е повеќе фокусиран на потенцијалните правни проблеми откако ќе му заврши мандатот, а неговата загриженост се зголемила во месеците потоа.

Првично, Трамп планирал да ја напушти Белата куќа еден ден порано, но го сменил планот. Бајденови, кои ноќта пред инаугурацијата ќе ја поминат во Блер Хаус, карши главниот објект на авенијата Пенсилванија, ќе можат да го видат и да го слушнат неговото заминување со претседателскиот хеликоптер од Јужниот тревник во Белата куќа. Стејт департментот, вели Си-ен-ен, им го понудил хеликоптерот ним, а не на Трамповци, кои одбиваат да имаат контакт со новите претседател и прва дама.

Сега Трамп планира да замине утрото на денот на инаугурацијата, на 20 јануари, изјавил извор близок до претседателот.

Конечните планови за заминувањето на Трамп сè уште не се утврдени, но Трамп изразил интерес да биде испратен во војнички стил и од толпа приврзаници, според лице со кое разговарал за ова прашање. Не се знае дали тоа ќе се случи во Белата куќа, базата Ендрјус или неговата крајна дестинација - меѓународниот аеродром Палм Бич. Трамп се очекува во неговиот клуб Мар-а-Лаго или на блискиот терен за голф да пристигне до пладне, на Денот на инаугурацијата, кога официјално ќе му заврши мандатот.

Според изворот, Трамп, кој веќе објави дека нема намера да присуствува на инаугурацијата на Бајден, планира проштална церемонија во базата Ендрјус, недалеку од Вашингтон, каде што се наоѓа и претседателскиот авион „Ер форс уан“.

Потоа ќе отпатува за Палм Бич, Флорида, каде што се наоѓа неговиот имот Мар-а-Лаго.

 

„Кога ќе победат демократите, имате општо познати ѕвезди“

Тимот на Бајден објави дека на инаугурацијата на новиот претседател ќе настапат поп-ѕвездите Леди Гага и Џенифер Лопез.

Леди Гага ќе ја пее американската химна на скалите на парламентот, а Џенифер Лопез потоа ќе изведе „музички перформанс“, соопшти организацискиот комитет.

Оние што ги следат инаугурациите едногласно оценија дека оваа година се враќаат ѕвездите од ерата на Барак Обама.

Доналд Трамп во 2017 година, омразен во Холивуд уште од првиот ден, мораше на својата инаугурација да се задоволи со помалку познати уметници, а химната ја изведе 16-годишната Џеки Еванчо.

„Кога ќе победат демократите, тогаш добивате општо познати ѕвезди“, рече Теви Трој, авторот на книгата „Што читаше Џеферсон, гледаше Ајк, а твитуваше Обама: 200 години поп-култура во Белата куќа“.

„Со републиканците најверојатно ќе добиете ‘кантри’ музика и ѕвезди на автомобилски трки”, додаде тој.

Тој исто така рече дека чувствува носталгија по времето кога ѕвездите не се мешале во политиката, потсетувајќи на Боб Хоуп или Френк Синатра, кои едноставно ќе дошле и ќе отпееле.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе