I WON THE ELECTION!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 16, 2020
Актуелниот американски претседател вчера за првпат јавно призна дека неговиот демократски противник Џо Бајден победил на претседателските избори, но ги повтори своите неосновани тврдења дека изборите се наместени.
„Победи бидејќи изборите се наместени. Не се дозволени набљудувачи, гласовите ги сметаше софтвер на радикално левата приватна компанија Доминион, која има лоша репутација и лоша опрема и не можеше да се квалификува ни за Тексас (во кој уверливо победив!), победи поради лажните медиуми и медиумите кои молчеа“, објави Трамп на Твитер.
Сепак, брзо се предомисли. Најави дека планира да победи на изборите и дека не признава ништо.
„Победи само во очите на фејк њуз медиумите. Не признавам ништо! Пред нас е долг пат. Ова беа лажни избори“, напиша тој.
Медиумите победата на Бајден ја прогласија уште на 7 ноември, но Трамп од тогаш одбива да го признае поразот.
Бајден доби 306 електорски гласа, далеку повеќе од потребните 270.