Трамп им се закани на демонстрантите: Би можеле да ве дочекаат најопасните кучиња и оружје

Американскиот претседател Доналд Трамп денес им порача на демонстрантите дека би можеле да бидат „дочекани со најопасните кучиња и најопасното оружје“ ако ја преминат оградата на Белата куќа.

EPA-EFE

Во низата објави на Твитер Трамп ги повика своите поддржувачи да се соберат пред зградата на извршната власт, порачувајќи „Вечерва, колку што слушам, е МАГА вечер во Белата куќа???“ МАГА е кратенката за слоганот на Трамп: „Да ја направиме Америка повторно голема“ (Make America Great Again).

Смртта на црнецот Џорџ Флојд која се случи во понеделникот во Минеаполис иницираше протести, дел од кои насилни, во многу градови низ САД, вклучувајќи ги вчерашните во Вашингтон.

Белата куќа беше привремено затворена додека стотици луѓе почнаа да се собираат во текот на попладнето преку улица на плоштадот Лафајет.

Трамп ги пофали припадниците на американската Тајна служба кои ја чуваат Белата куќа кажувајќи дека биле „многу ладнокрвни“. Бев внатре, го следев секое движење и не можев да се чувствувам побезбедно“.

„Голема толпа, професионално организирана, но никој не дојде во близина на оградата. Да дојдеа, ќе беа пречекани со најопасните кучиња и најопасното оружје“, напиша тој. „Многу агенти само го чекаат тој потег“.

Трамп ја нападна градоначалничката на Вашингтон Д.Ц., Мјуриел Боузер, за тоа што одбила да испрати полиција која би им помогнала на агентите, иако Вашингтон пост јави дека градските полицајци помогнале во контролирањето на протестот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе