Трамп ѝ се обрати на американската јавност: „Ова е мојот можеби најважен говор“ (ВИДЕО)

Претседателот на Соединетите Американски Држави во заминување Доналд Трамп ѝ се обрати на американската јавност во видео порака.

EPA-EFE

„Ова е можеби најважниот говор што сум го одржал“, кажа Трамп на почетокот на обраќањето.

Тој кажа дека е смешно колку долго трае сагата со изборните резултати и дека негова должност како претседател на САД е да го одбрани изборниот систем кој е „под координирани напади и опсада“.

„Ние сме предупредени дека не треба да ги прифатиме првите резултати од изборите и дека ќе бидат потребни недели додека не се објават вистинските резултати“, кажа Трамп.

Тој додаде и дека на Бајден му е порачано дека не треба да се „меша“ во изборите и дека треба да се држи на страна.

„Не ни требаш, решено е. Овие избори се готови“, кажа Трамп.

„Денес ќе ви покажам некои шокантни докази за нерегуларноста на изборите“, кажа Трамп пред да почне да изнесува тврдења за изборна измама.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ве молам потрошете малку време и погледајте кои закони не може да се донесат, ако за нив не даде амин Али Ахмети.

повеќе

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе