„Ќе платите“

Трамп го осуди „грозоморниот напад“ врз Капитол, ќе се фокусира на „непречена и уредна“ транзиција (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп ги осуди бунтовниците што упаднаа во зградата на американскиот Капитол, велејќи дека е „револтиран“ од „грозоморниот напад“, и вети дека лично ќе се погрижи за „уредна“ и „беспрекорна“ транзиција кон администрацијата на Џо Бајден.

Фото: ЕПА

Во видеообраќање објавено синоќа на Твитер Трамп рече дека демонстрантите што насилно влегоа во Капитол оваа недела го „осквернавија седиштето на американската демократија“, инсистирајќи дека сите инволвирани ќе бидат казнети.

„Како и сите Американци, јас сум револтиран од насилството, беззаконието и хаосот. Веднаш ги распоредив Националната гарда и федералните спроведувачи на законот за да ја обезбедат зградата и да ги протераат натрапниците“, рече тој.

„До оние што се впуштија во акти на насилство и уништување: вие не ја претставувате нашата земја. А до оние што го прекршија законот: ќе платите.“

Претседателот, сепак, додаде дека сега е време за „смиреност“, велејќи дека „жешките глави мора да се оладат“ дури и кога „емоциите се бурни“ по „напнатите избори“. Со невообичаен помирлив тон по неколкумесечни оспорувања за резултатите од трката во 2020 година, Трамп рече дека сега е насочен кон „обезбедување непречена, уредна и беспрекорна транзиција на власта“ кон новоизбраниот претседател Џо Бајден.

„Овој момент повикува на заздравување и помирување... Мора да ги заживееме светите врски на љубов и лојалност што нѐ врзуваат заедно како едно национално семејство.“

Заокружувајќи ја пораката, Трамп рече дека служењето како врховен командант било „честа на неговиот живот“, велејќи им на своите приврзаници дека иако можеби се разочарани од неговиот изборен пораз, „нашето неверојатно патување само што почнува“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе