Трамп за директор на Националната разузнавачка агенција го назначи сегашниот амбасадор во Берлин

Доналд Трамп најави дека својот сегашен амбасадор во Германија Ричард Гренел ќе го именува за привремен директор на Националната разузнавачка агенција кој под себе има седумнаесет разузнавачки агенции.

„Со задоволство ви соопштувам дека нашиот високо почитуван амбасадор Ричард Гренел ќе стане наш привремен директор на Националната разузнавачка агенција. Рик исклучително добро ѝ служеше на нашата земја и со големо нетрпение чекам да соработувам со него“, напиша американскиот претседател на Твитер.

Назначувањето на Ричард Гренел, лојален соработник на Доналд Трамп, допрва треба да го потврди Сенатот за да стане постојан директор на Националната агенција за разузнавање.

Педесет и тригодишниот Гренел, поранешен портпарол на изборниот штаб на Мит Ромни во 2012 година, кој не ја крие својата хомосексуалност, со своите недипломатски изјави налути многу германски лидери.

Особено го обвини Берлин дека ги „навредува“ Соединетите Држави затоа што германски министер ги споредил американската и кинеската шпионажа.

Гренел ќе го замени досегашниот привремен директор на Националната разузнавачка агенција Џо Мегвајер на кого претседателот Трамп му се заблагодари за „извонредната посветеност“.

Некои демократи во средата го критикуваа недостигот на искуство на Ричард Гренел во разузнавањето, дури и го нарекоа „потрчко“ на Доналд Трамп.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе