Коктел на моноклонски антитела

Трамп го лекувале од коронавирусот со клетки на абортиран фетус

Еден од лековите кои американскиот претседател Доналд Трамп ги примил како потенцијален лек за коронавирусот е развиен од клетки на фетус, пишува Гардијан.

EPA-EFE

Иронијата е тоа што Трамп, како и неговите поддржувачи, е голем противник на абортусот, а како што пишува Гардијан, потенцијалниот лек за коронавирусот што го примил Трамп е развиен од човечки клетки првично добиени во процесот на абортус.

Лекот е коктел од моноклонски антитела кој го развил „Регенерон“ и сѐ уште е во фаза на тестирање.

Матичните клетки користени за развојот на лекот познати се како ХЕК-293 клетки и се користат во лабораториите.

Тие клетки се првично развиени од бубрег на ембрион по абортус извршен во Холандија во седумдесеттите години.

Не само што Трамп и Републиканската партија постојано вршат удар врз правото на жените да абортираат, туку и програмата на Републиканската партија за 2020 вклучува и експлицитно противење на истражувањето на ембрионските матични клетки, како и барање за сопирање на финансирањето на ваквите истражувања.

Трамповата администрација и во 2019 година го прекина финансирањето на истражувањата кои вклучуваат ембрионални матични клетки.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе