Трамп го доведе во прашање интегритетот на американските избори

Претседателот на САД Доналд Трамп повторно го доведе во прашање интегритетот на американските избори, кажувајќи дека би било „непримерно“ да се зема дополнително време за броење на десетиците милиони гласачки ливчиња испратени по пошта во трката против демократот Џо Бајден.

EPA-EFE

Раното гласање, по пошта и лично, порасна на рекордно високо ниво. Експертите сметаат дека броењето на гласачките ливчиња, а веќе гласаа над 69 милиони Американци, би можело да потрае со денови или недели, што значи дека претседателот можеби нема да биде прогласен во ноќта на 3 ноември, кога гласачките места ќе затворат.

„Би било прекрасно и многу убаво кога претседателот би бил прогласен на 3 ноември, наместо две недели да се бројат гласачките ливчиња, што е целосно непримерно и не верувам дека тоа е според нашите закони“, им кажа Трамп на новинарите во Белата куќа пред да замине на турнеја во Мичиген, Висконсин и Небраска.

„Ќе видиме што ќе се случи“, додаде американскиот претседател.

Трамп повеќе пати и без докази сугерираше дека зголемувањето на бројот на гласови преку пошта ќе доведе до зголемување на измамите, иако изборните експерти велат дека тоа е ретко на американските избори. Гласањето по пошта е долго обележје на американските избори, а отприлика едно од четири гласачки ливчиња во 2016 година пристигнало по пошта.

Демократските функционери, активисти и гласачи изразија длабока загриженост дека Трамп нема да го прифати резултатот ако изгуби. Бајден тоа го истакна како негов најголем страв.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе