Трамп: Бејрут беше нападнат, тоа беше бомба (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека генералите на американската војска му рекле дека експлозијата во Бејрут е предизвикана од „некаков вид бомба“.

Фото: ЕПА

„Се сретнав со некои од нашите одлични генерали и тие се чини дека мислат дека тоа не било настан предизвикан од некаква фабричка експлозија... Се чини дека тие мислат дека станува збор за напад. Тоа било некаква бомба“, рече Трамп, пренесе Асошиејтед прес.

Повеќе либански функционери претходно изјавија дека експлозијата во магацинот во пристаништето во Бејрут најверојатно ја предизвикале 2.700 тони амонијак, кој таму неколку години се чувал без почитување на безбедносните регулативи.

Сепак, Министерството за одбрана на САД не гледа никакви знаци дека експлозијата во пристаништето во Бејрут е поврзана со напад, наведува Си-ен-ен повикувајќи се на тројца неименувани претставници на Пентагон.

Како што истакнал еден од изворите на телевизијата, во случај да имало знаци дека станува збор за напад, американската војска во регионот ќе била подигната во состојба на зголемена борбена готовност и ќе добиела засилување. Според него, ништо од тоа не се случило.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе