Коронавирус

Трамп: 100.000 мртви би биле добро завршена работа

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека 100.000 смртни случаи од последиците на коронавирусот во САД може да се сметаат за „добро завршена работа“ и најави дека се откажува од претходниот план кон средината на април да ги продолжи економските активности.

На прес-конференција во Белата куќа Трамп рече дека неговата администрација ги намалила претходните процени за евентуална смртност во САД од ковид-19 од претходните 2,2 милиони, и процени дека, ако Соединетите Американски Држави успеат да го ограничат тој број на 100.000, тоа би значело одлично сработена работа.

„Ако можеме да ја задржиме таа бројка на 100.000, тоа е ужасен број, можеби дури и помалку… Значи да имаме меѓу 100 и 200 илјади, тогаш сите заедно сме направиле одлична работа“, рече Трамп.

Тој ја нарече „преамбициозна“ својата претходна изјава дека сака повторно да го покрене стопанството до католичкиот Велигден, 12 на април.

„До Велигден треба да го достигнеме пикот и полека да ја почнеме опаѓачката траекторија и тоа, се надевам, е значајно“, рече американскиот претседател.

Препораките за социјално дистанцирање поврзани со пандемијата, кои беа воведени на две недели и требаше да завршат следната недела, тој ги продолжи до 30 април.

„Соединетите Држави ги прошируваат упатствата до 30 април за да запре ширењето на коронавирусот. Ништо не е полошо од предвременото прогласување победа“, рече Трамп.

Бројот на потврдени случаи на зараза со коронавирус во САД, според универзитетот Џон Хопкинс, е 142.737. Вкупно 2.489 луѓе досега починаа од ефектите на ковид-19, а оздравеле 2.686.

„Стапката на смртност најверојатно ќе го достигне пикот за две недели“, рече Трамп.

Тој им рече на Американците: „Колку подобро ќе се однесувате, толку побрзо ќе заврши овој кошмар“.

Вчера директорот на Националниот институт за алергии и заразни болести, Ентони Фаучи, за Си-ен-ен изјави дека пандемијата веројатно би убила меѓу 100.000 и 200.000 луѓе во САД доколку мерките не бидат успешно спроведени.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе