Тотален енергетски колапс на Косово, се бара вонредна состојба

Поради енергетската криза се бара косовскиот премиер да прогласи вонредна состојба, додека дел од Приштина е без струја 24 часа.

EPA-EFE

Пратеникот на Демократската партија на Косово Ферат Шаља побара денес од косовскиот премиер Аљбин Курти да прогласи вонредна состојба поради енергетската криза и да го разреши делот од кабинетот задолжен за енергетскиот сектор.

Шаља кажа дека Косово е во длабока енергетска криза и дека последиците се сериозни во сите области. „Ние влеговме во криза, а немаме податоци за тоа кога и како ќе излеземе од оваа криза. Како и колку граѓаните ќе се носат со оваа ситуација во зимската сезона? Власта не си ја заврши работата“, додаде тој.

Од друга страна, политичкиот аналитичар и претседател на управниот одбор на Американската стопанска комора на Косово Иљир Ибрахими вели дека енергетската криза полесно ќе се надминела доколку косовската влада не ги игнорирала претходните предупредувања.

„Дека ќе дојде до енергетска криза некои од нас предупредуваат пред неколку месеци. Тоа што го баравме од надлежните институции на чело со владата, е да се преземат мерки кризата полесно да се надмине. Нема сомнеж дека кризата полесно ќе се надминеше доколку овие повици беа сфатени сериозно, и ако од тогаш се почнеше да се размислува и планира. Но, за жал, повиците не беа сфатени сериозно, туку беа игнорирани и исмевани“, наведе Ибрахими.

Тој наведе дека денес косовските семејства мора да им објаснат на своите деца дека свеќи не се користат само за роденденски торти и предупреди дека енергетската криза само што почнала и ќе се продлабочува и влошува.

Министерката за економија Артане Ризваноли смета дека на енергетската криза на Косово влијае и тоа што „Србија ги блокира енергетските водови и дека тоа создава оптеретувања во енергетскиот систем и во други земји во регионот, како Македонија и Албанија“.

„Србија го блокираше енергетскиот вод меѓу нас и тоа не е нешто ново. Сепак, во вака кризна ситуација тоа дополнително ја влошува состојбата. Уште поограничени сме, па често немаме избор освен да купуваме по повисоки цени“, кажа косовската министерка.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе