камионот на напаѓачот бил украден

Терористички напад во Стокхолм: четворица мртви, едно лице уапсено (ФОТО+ВИДЕО)

Четири лица загинаа, а 12 се повредени откако напаѓачот со украден камион удрил во толпа луѓе пред стоковна куќа во прометна улица во центарот на Стокхолм, соопшти портпаролката на полицијата во градот.

 

Таа за новинската агенција Франс прес изјави дека едно лице е уапсено во врска со денешниот напад.

Шведската полиција претходно прикажа слика на човек за кој рече дека е поврзан со нападот со камион во центарот на Стокхолм.

На конференција за медиумите полицијата рече дека станува збор за терористички напад. Тие потврдија дека загинале четири луѓе, додека 15 се повредени, од кои деветмина тешко. Ги повикуваат граѓаните да не излегуваат во центарот на градот.

Полицијата фатила еден маж во предградие на Стокхолм. Наводно тој признал дека го извршил нападот, но полицајците засега не откриваат детали.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе