Тензии на истокот: Кинески авиони снимени како надлетуваат американски разурнувач (ВИДЕО)

Кинески борбени авиони Ј-15 „летечки ајкули“, кои наводно летаат од носачот на авиони Лијаонинг, снимени се како летаат над разурнувач на американската морнарица од класата Алри Бурк. Прелетувањето може да се види на снимката неодамна прикажана на кинеската државна телевизија.

Скриншот Јутјуб

Снимката е објавена набрзо откако се појавија фотографии од цела ескадрила од 24 борбени авиони Ј-15 распоредени на палубата на носачот на авиони Лијаонинг. Меѓутоа, не е познато кога се направени фотографиите, а интересни се поради актуелните високи тензии меѓу Кина и Соединетите Американски Држави околу Тајван.

Не е познато ни каде е направена снимката од авионот Ј-15 над неидентификуваниот разурнувач на американската морнарица, но се шпекулира дека инцидентот се случил во Тајванскиот теснец, кој го дели Тајван од континентална Кина.

Порталот Вор зоун се обратил до американската морнарица за објаснување. Ако снимката е од Тајванскиот теснец, тогаш тоа е веројатно одговор на покажувањето сила кое американските воени бродови неодамна го извршија во тој регион.

Каде и да се случил последниот инцидент, очигледно било во меѓународни води, каде не е невообичаено воени бродови или борбени авиони да ги следат непријателските.

Средбата докажува дека носачот на кинеската воена морнарица веќе активно се користи за следење на движењето на воените бродови на САД и нивните сојузници. Примарната улога на Лијанинг е развој на оперативните капацитети на носачот на авиони на кинеската воена морнарица, пред Кинезите да почнат да го употребуваат својот прв носач на авиони од целосно домашно производство, Фуџијан.

Легенда под Главна слика

Скриншот Јутјуб

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе