ТАСС: Русите масовно купуваат антидепресиви по Путиновата наредба за мобилизација

Продажбата на антидепресиви во аптеките во Русија скокна откако претседателот Владимир Путин нареди делумна мобилизација за војната во Украина, објави државната новинска агенција.

Фото: ЕПА

Продажбата скокнала за 120 отсто во седмицата од 19 до 25 септември, објави новинската агенција ТАСС, цитирајќи податоци од истражувачот на фармацевтскиот пазар ДСМ. На 21 септември Путин нареди делумна мобилизација на 300.000 резервисти.

Шефицата на Сојузот на фармацевтските здруженија, Викторија Пресњакова, изјави за државната агенција дека од почетокот на војната во Русија на крајот на февруари, побарувачката за антидепресиви, апчиња за спиење и средства за смирување е значително зголемена во споредба со претходните години.

Таа тоа го припиша на „геополитичката и економската ситуација“. Според неа, има многу пациенти на кои првпат им се пропишуваат вакви лекови.

Таа посочи дека населението купува и лекови без рецепт за да се смири. Многу лекови за кои на друго место во Европа е потребен рецепт, во аптеките во Русија може лесно да се купат.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе