Новинарските и водителките ќе мора да носат марама или кој било друг дел од облеката кој ја покрива главата.
Здруженијата на новинари тврдат дека одделни правила се нејасни и подложни на толкување.
Последните правила вклучуваат забрана на филмови за чија содржина се смета дека е против исламскиот закон и авганистанските вредности, како и забрана на комедии кои ја навредуваат религијата или се навредливи за Авганистанците.
Авганистанските телевизиски канали главно емитуваат странски филмови, со женски ликови, а талибанците сметаат дека не треба да се пуштаат филмови кои промовираат „странски вредности“.
Членот на организацијата која ги застапува новинарите во Авганистан Хуџатулах Муџадеди изјави дека новите правила се неочекувани и дека некои од нив не се практични, и дека одделни емитувачи ќе мора да престанат со работа ако тие се спроведат.
Претходната наредба на талибанците девојките и младите жени да останат дома го направи Авганистан единствената земја во светот која му забрани на половина на своето население да се школува.
Градоначалникот на главниот град Кабул исто така им кажа на општинските службенички да останат дома освен ако нивните работни места не може да ги пополни маж.
Талибанците тврдат дека нивните ограничувања за жените кои работат, односно девојките кои студираат се „привремени“ и на сила само за да обезбедат дека сите работни места и опкружувања за учење се „безбедни“ за нив.