Талибанците две децении дејствуваа како бунтовнички милитанти, но ги искористија големите резерви оружје и опрема кога во август избега поранешната прозападна влада.
Со парадата е одбележан крајот на обуката на 250 војници, кажа портпаролот на министерството за одбрана Енајатулах Кваразами.
Десетици американски оклопни возила М117 полека минувале по главната улица во Кабул, додека над нив летале руски хеликоптери мИ-17. Бројни војници носеле американски јуришни пушки М4.
Military Parade of I.E.A in Kabul.
— Khalid Afghan (@KhalidAfg) November 14, 2021
For full Video Click here👇 https://t.co/Upq1bAwJ3Z#Afghanistan #Taliban pic.twitter.com/zCRebKJDAH
Поголемиот дел од вооружувањето и опремата кои сега ги користат талибанските сили Вашингтон ѝ ги испрати на владата во Кабул поддржана од САД во обидот за создавање авганистанска национална војска која ќе може да се бори со талибанците.
Силите се растурија со бегството на авганистанскиот претседател Ашраф Гани од Авганистан, по што талибанците преземаа најголем дел од воената инфраструктура.
Талибанските функционери кажаа дека пилотите, механичарите и другите експерти од поранешната авганистанска национална војска ќе бидат интегрирани во новите сили, кои исто така почнаа да носат конвенционални воени униформи наместо традиционалната авганистанска облека која вообичаено ја носат нивните борци.
Според минатогодишниот извештај на специјалниот инспектор за повторна изградба на Авганистан, Вашингтон на владата во Кабул ѝ испорачал над 28 милијарди вредни одбранбени предмети и услуги, вклучувајќи оружје, муниција, возила, уреди за ноќен надзор, летала и надзорни системи, од 2002 до 2017 година.
Некои од леталата завршија во централноазиските земји кога таму пребегнаа авганистански војници, но дел им остана на талибанците. Не се знае колку од тие летала се оперативни.
Кога американската војска се повлекуваше, уништи над 70 летала и десетици и ја онеспособи противвоздушната одбрана пред да замине од кабулскиот аеродром Хамид Карзаи во хаотична евакуација.