Талибанците во Авганистан наредиле да им се исечат главите на куклите од излозите (ВИДЕО)

Талибанските водачи во западната авганистанска провинција Херат им наредија на продавниците за облека да им ги отстранат главите на куклите од излозите, тврдејќи дека тоа е антиисламско.

Фото: скриншот

Провинцискиот директор на Министерството за промоција на доблести и спречување пороци, Азиз ул Рахман, во вторникот за Дпа изјави дека главите „мора да се отстранат“.

Сопствениците на продавници се обиделе да им објаснат на талибанските власти дека цели кукли со глави не го прекршуваат исламот затоа што не претставуваат „идоли“ туку се користат само за изложување облека за продажба, но не успеале. Така, продавниците за облека почнаа да ги отстрануваат главите на куклите, во согласност со директивата.

Обеидула Јари, шеф на локалната деловна заедница, во понеделникот рече дека околу 20 отсто од продавниците веќе ја примениле уредбата.

„Имаа потрошено помеѓу 80 и 120 долари за секоја кукла“, рече тој. „Можете да ги видите во продавниците во сите муслимански земји.“

Министерството за промоција на доблести и спречување на пороците, кое е одговорно за спроведување на талибанското толкување на исламот, минатата недела нареди да им се отстранат главите на куклите бидејќи се навредливи за исламот, предупредувајќи дека прекршителите ќе бидат казнети.

Видео што кружи на социјалните мрежи покажува како продавачите им ги вадат главите на куклите.

Талибанците веќе воведоа строги ограничувања на јавниот живот. Возачите неодамна добија наредба да не пуштаат музика во возилата и да не примаат патнички доколку не носат хиџаб.

Поголем дел од средните училишта за девојки беа затворени веднаш откако талибанците ја презедоа власта минатата година. Многу жени не можат да се вратат на своите работни места.

Мажите, пак, мора да пуштат брада.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе