Талибанците уапсија неколку новинари на протест во Кабул

Талибанците денеска отворија оган за да ги растераат антипакистанските протести во Кабул и уапсија неколку авганистански новинари, објави авганистанската телевизија ТОЛО.

Фото: ЕПА

Протестот започна пред пакистанската амбасада во Кабул против, како што велат демонстрантите, мешањето на Пакистан во прашања на Авганистан, а особено против наводната поддршка на Исламбад за најновата офанзива на талибанците, во која продреа во провинцијата Панџшир, а потоа ја освоија.

Според извештајот на телевизијата Толо, еден од уапсените новинари е нивниот снимател Вахид Ахмади.

Еден авганистански новинар, кој бил меѓу приведените и кој подоцна бил ослободен, за АП изјави дека талибанците го казниле.

„Ме натераа да го тријам носот од земја и да се извинам што го следев протестот. Новинарството во Авганистан станува сè потешко“, рече новинарот.

Откако талибанците ја презедоа контролата над Авганистан, имаше извештаи дека талибанците тепале и им се заканувале на новинари.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе