Талибанците пукаа во воздух за да ги избркаат жените кои бараат право на работа и образование

Талибанците денеска во Кабул пукаа во воздух за да ја растераат групата жени кои бараат право на работа и образование, речиси една година по доаѓањето на власт на талибанскиот режим.

Илустрација: ЕПА

Како што јави агенцијата Франс прес, околу 40 жени извикувајќи „Леб, работа и слобода“ марширале покрај Министерството за образование. Пет минути по почетокот на маршот, група талибански борци испукале рафали во воздух.

Демонстрантките носеле транспарент на кој пишувало дека 15 август, кога талибанците го зазедоа Кабул пред една година, е „црн ден“.

„Правда, правда. Доста ни е од незнаење“, скандираше толпата пред да биде насилно растерана.

Некои учеснички во демонстрациите потоа се засолниле во околните продавници, каде талибанците ги бркале и ги тепале со кундаци, наведува Франс прес.

Легенда под Главна слика

Илустрација: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе