Талибанците не ја исклучуваат можноста за одржување избори, ќе донесат нов устав

За време на нивното претходно владеење од 1996 до 2001 година, талибанците ги критикуваа демократските избори, ги карактеризираа како западна традиција спротивна на исламот, ги напаѓаа избирачките места, работниците и предизборните митинзи.

Фото: ЕПА

Но главниот портпарол на талибанците Сухаил Шахин не ја отфрли можноста за одржување избори.

Во интервју за урду-сервисот на Гласот на Америка, Шахин рече дека прашањето ќе се реши со нов устав.

„Ајде да почекаме малку кога станува збор за прашањето за изборите. Планираме да донесеме нов устав, така што ќе зборуваме и за тоа, ќе работиме на неговиот нацрт.“

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси ги повика талибанците да одржат избори, а талибанскиот министер за надворешни работи Амир Кан Мутаки одговори дека странските земји не треба да се мешаат во внатрешните работи на Авганистан.

Талибанците ја презедоа контролата врз Авганистан на 15 август, а претседателот Ашраф Гани ја напушти земјата. САД и нивните сојузници евакуираа повеќе од 120.000 луѓе од Кабул.

Новата влада беше формирана минатата недела и главно се состои од членови на талибанската тврдокорна линија, предводена од премиерот Мохамад Хасан Ахунд.

Во владата нема жени ниту припадници на националните малцинства што беа во владата во изминатите две децении.

Талибанците се дистанцираа велејќи дека назначувањата не се трајни и дека на жените ќе им биде дозволено да влезат во владата, иако не на министерски позиции.

Уставот на Авганистан од 2004 година предвидува дека сите закони мора да бидат во согласност со шеријатскиот закон, а талибанците најавуваат уште построги прописи.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе