Талибанскиот заменик гувернер на покраината Мавлави Шир Ахмад Амар кажа дека мажите се убиени во директни судири со талибанските борци откако грабнале трговец и неговиот син кои потоа биле спасени.
„Нивните тела се обесени на градските плоштади како пример за останатите грабнувачи. Обесени се за никој повеќе да не се осмели на такво злосторство“, кажа Амар.
Во снимката објавена на социјалните мрежи се гледа со крв натопено тело на маж во ланци обесено на кран на главниот плоштад во Херат. Се гледаат и жители кои со мобилни телефони ја снимаат крвавата сцена.
За време на владеењето на талибанскиот режим на крајот на деведесеттите, екстремистичката група беше позната по тоа што злосторствата ги казнуваше со јавни камшикувања, каменување со смрт и ампутирање екстремитети.
Групата минатиот месец повторно ја презема власта во Авганистан, по повлекувањето на американските трупи. Од тогаш жителите на Авганистан и владите на земјите низ светот следат дали милитантните исламисти овој пат поумерено ќе владеат, иако засега има малку назнаки за тоа.
Содржината на снимката може да биде вознемирувачка:
#Taliban styled justice! #Talibans were a #Terrorists outfit ,still they are #Terrorists organization and definitely will remain as #Terrorists. pic.twitter.com/jOOaEtZEfd
— Habibullah Mizan (@mizandeshi) September 25, 2021