Убиени најмалку четворица екстремисти

Талибанците ја нападнаа Исламска држава на југот на Авганистан

Талибанците вчера извршија напад на повеќе места за кои се верува дека се засолништа на локалната гранка на Исламска држава во јужната авганистанска провинција Кандахар, а во нападите се убиени најмалку четворица милитанти на екстремистичката организација и двајца цивили, соопштија полициски извори.

EPA-EFE

Операцијата против групата Исламска држава – Корасан (ИСИС-К) почнала околу полноќ во четири окрузи во провинција и продолжила во текот на претпладнето, изјави за Франс прес талибанскиот шеф на полицијата во провинцијата Абдул Гафар Мохамади.

Од враќањето на власт во Кабул на 15 август талибанците се соочуваат со бран напади од локалната гранка на Исламска држава. Таа група е особено активна околу источниот град Џалалабад, едно од нивните долготрајни упоришта каде веќе неколку пати ги нападнаа талибанците.

Групата го напаѓа и шиитското малцинство во Кундуз, Кабул и Кандахар, каде во напад на џамија кон средината на октомври беа убиени најмалку 60 луѓе.

Станува збор за сунитска исламистичка група, како и талибанците, но која е уште по ригорозна и заговара „глобален џихад“. Групата претставува главна закана за талибанската власт иако талибанците се обидуваат да го намалат нејзиното влијание.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе