Талибанците им порачаа на САД: Не ни ја дестабилизирајте владата во Авганистан

Талибанците ги повикаа САД да не ја „дестабилизираат" нивната влада во Кабул, на првите директни преговори меѓу Американците и талибанците по повлекувањето на Вашингтон од Авганистан, изјави талибанскиот министер за надворешни работи во Доха во саботата.

Фото: ЕПА

„Ние јасно им кажавме дека дестабилизацијата на владата во Авганистан не е добрo за никого“, рече Амир Кан Мутаки за авганистанската новинска агенција Бахтар.

„Добрите врски со Авганистан се добри за секого. Не треба да се прави ништо што би ја ослабело актуелната влада во Авганистан, што може да им донесе проблеми на народот“, рече тој во снимената порака преведена од АФП.

Изјавите доаѓаат на првиот ден од дводневните преговори меѓу талибанците и американската делегација во Катар, предводена од заменикот на специјалниот пратеник на американскиот Стејт департмент Том Вест и шефицата на американската Агенција за меѓународен развој Сара Чарлс.

САД се уште не ги коментирале изјавите на талибанскиот министер.

Талибанците ја преземаа власта во Авганистан во август, кога САД во хаос се повлекуваа од земјата по 20 години окупација.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе