Забраната стапи во сила денеска според директивата издадена од талибанското министерство за информации и култура.
Портпаролите на талибанците не дадоа конкретни детали за наводните поплаки за информативните програми финансирани од САД.
„Авганистан има закони за медиуми и секоја мрежа за која ќе се утврди дека постојано ги прекршува тие закони ќе ја изгуби привилегијата да известува и емитува од Авганистан“, рече портпаролот на талибанското Министерство за надворешни работи Кухар Балки во писмената реакција до Гласот на Америка.
„Гласот на Америка и Радио Азади (Слободна Европа) не ги почитуваа овие закони, постојано ги прекршуваа, не покажаа професионалност и затоа беа затворени“, објасни Балки.