Талибанците го освојуваат Авганистан, германската министерка за одбрана одбива да ги врати трупите

Германската министерка за одбрана ги отфрли денес повиците германските војници да се вратат во Авганистан откако талибанците го заземаа Кундуз, градот во кој германските трупи беа стационирани 10 години.

EPA-EFE

Германија го имаше вториот најголем воен контингент во Авганистан по САД, а некои членови на конзервативната партија, на која ѝ припаѓа и министерката Анегрет Крамп Каренбауер, бараат германските војници да учествуваат во интервенцијата против талибанците.

Талибанците, радикални сунитски исламисти, ги освоија во последните неколку дена главните градови на три покраини, вклучувајќи го Кундиз, и ја продолжуваат офанзивата почната со повлекувањето на странските војници.

„Извештаите од Кундуз и останатите делови од Авганистан оставаат горчлив вкус во устата и многу болат. Но дали општеството и парламентот се спремни да ги испратат оружените сили во војна и да останат таму со голем број војници најмалку една генерација? Ако не сме спремни на тоа, тогаш заедничкото повлекување со партнерите е исправна одлука“, кажа германската министерка.

Откако САД во април го најавија планот за повлекување до 11 септември, а членките на НАТО кои учествуваа во мисијата во Авганистан го прифатија, повторно избија жестоки судири, а талибанците заземаат сè поголем дел од земјата.

Крамп Каренбауер го обвини поранешниот американски претседател Доналд Трамп дека ја саботирал операцијата во Авганистан, иако неговиот наследник Џо Бајден ја спроведува политиката на повлекување.

Таа го обвини Трамп за договорот со исламистичките милитанти постигнат во 2020 за повлекување на американските сили.

Обединетите нации во меѓувреме објавија дека само минатиот месец во судирите во покраините Хелманд, Кандахар и Херат загинале или биле ранети околу 1.000 луѓе.

По официјалниот почеток на повлекувањето на меѓународните сили на 1 мај, талибанците почнаа неколку офанзиви и веќе заземаа 160 од 400 окрузи и неколку главни градови на важни покраини.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе