Талибанците го освоија и вториот и третиот по големина град во Авганистан

Талибанците го зазедоа Кандахар, вториот по големина град во Авганистан, пренесува Си-ен-ен. Кандахар е град со речиси половина милион жители сместен на југот на земјата.

Фото: ЕПА

Само неколку часа претходно, талибанците го заземале и главниот град на западната провинција Херат, кој воедно е и трет по големина град во Авганистан. Радикалните исламисти, застапници на најстрогиот шеријат, сега го контролираат полициското седиште, канцеларијата на гувернерот и градскиот затвор, рекоа советникот Гулам Хабиб и пратеничката во провинцискиот парламент, Рахима Жами.

Талибанците веднаш ги ослободиле сите затвореници од градскиот затвор, додека високи владини претставници, вклучително и гувернерот, побарале засолниште во близина на аеродромот.

Во провинцијата Херат, која дели долга граница со Иран, има два гранични премини кои се клучни за економијата на земјата - Кала и Торгунди.

Талибанците веќе ја преземале контролата врз трговските пристаништа.

Пред нивниот напад, илјадници луѓе бегаат од страв од бруталниот режим што оваа радикална исламистичка група го спроведува на територијата под своја контрола.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе