Талибанците ги забранија протестите

Неколку протести за слобода биле откажани во четвртокот во Кабул, откако новата талибанска влада, која се обидува да ја зацврсти својата фундаменталистичка власт, ги забрани.

Фото: ЕПА

Деновиве, неколку собири со повеќе стотици учесници во одбрана на слободата биле растерани од вооружени талибански борци, особено во главниот град Кабул, Мазар-и-Шариф, Фаизабад и Херат, каде што две лица биле убиени, а неколку биле ранети со истрели од огнено оружје.

Во средата вечер, новата талибанска влада, назначена претходниот ден, издаде декрет со кој во иднина министерството за правда мора да го одобри секој најавен собир, а досега такви немало, велат тие. На овие собири, талибанците тепале и уапсиле десетици луѓе, демонстранти и новинари.

Во четвртокот наутро, многу повеќе вооружени талибански борци можеле да се видат на улиците во Кабул отколку во претходните денови, вклучително и посебни сили во маскирна униформа, кои стоеле на раскрсници и на контролни точки следејќи го сообраќајот на главните патишта.

Во Кабул, организаторот на собирот, кој требало да се одржи до пладне пред зградата на амбасадата на Пакистан, земја блиска до талибанците, која дел од авганистанското население ја обвинува дека со нив „далечински“ управува, изјави за АФП дека собирот на крај бил откажан поради новиот пропис.

Во вторникот, талибанците пукале во воздух за да го растераат протестниот собир организиран на истата локација. Во друг дел од градот, агенцијата Франс Прес не видела никого на местото каде што требало да се одржи друг собир до пладнето.

Талибанците, на кои ќе им треба надворешна помош за да ја кренат на нозе економијата, уништена и делумно во застој од 15 август, ветија дека ќе формираат влада која ќе биде отворена за други групи.

Талибанците повторно формираа министерство за спречување пороци и промоција на доблести, што за време на првиот режим влевало страв со апсење и казнување на Авганистанците под обвинение за непочитување на строгото толкување на исламскиот закон.

Талибанците сега се соочуваат со огромна работа за економско закрепнување и воспоставување безбедност во земјата, додека им се заканува локален огранок на џихадистичката група Исламска држава (ИСИС-К), ривал одговорен за многу крвави напади во последните години.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе

Оние кои што најмногу сакаат карикатури засновани на црн хумор, имале највисоки мерки на вербалните и невербалните тестови на интелигенција, односно потребна е извесна интелигенција, добро расположение и смиреност да се препознае и ужива во црниот хумор, покажуваат истражувањата.

повеќе

Засега нема причина за паника, но треба внимателно да му пристапиме на наративот дека омикрон предизвикува лесна форма на КОВИД-19 која побрзо ќе доведе до крај на пандемијата.

повеќе