Талибанците формираат сопствено воено воздухопловство (ВИДЕО)

Талибанците работат на создавање сопствена флота воени летала. Новинарите на Ал џезира добиле пристап до хангарот во кој тим на талибански експерти работи на обновување на уништената опрема оставена од Американците.

EPA-EFE

За да формираат сопствено воено воздухопловство, односно да ја обноват опремата која зад себе ја остави војската на Соединетите Американски Држави, талибанците вработиле група инженери, техничари и воздухопловни експерти.

На аеродромот можат да се видат редици напуштени и оштетени хеликоптери.

„Ако влезете во хеликоптерите кои се однадвор неоштетени, во пилотската кабина нема да најдете ништо освен скршено стакло и уништена опрема“, вели Осама бин Џаваид од Ал џезира.

Инженерите наведуваат дека веќе оспособиле неколку десетици хеликоптери. Талибанците под своја контрола имаат повеќе десетици авиони, повеќе стотици оклопни возила и десетици илјади пушки.

Аналитичарите наведуваат дека талибанците имаат воен арсенал сличен на некои држави од централна Азија, но спорно е дали ќе можат да го одржуваат.

„Колку се покомплицирани нештата, толку се потешки за одржување, затоа вистинското прашање не е дали талибанците ќе можат еднаш или повеќе пати да полетаат со своите авиони, туку колку долго ќе можат да го одржуваат тој систем без потребното знаење и искуство“, вели Џонатан Шроден од Си-ен-еј.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе