Тајван им се заблагодари на САД

Министерството за надворешни работи на Тајван ја изрази својата „искрена благодарност" до Соединетите Држави за преземањето „конкретни активности" во одржувањето на безбедноста и мирот во Тајванскиот теснец и во регионот. Американскиот координатор за индо-пацифичкиот регион Курт Кембел во петокот изјави дека Кина „претерано реагирала" на посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван.

Фото: ЕПА

По таа посета, Пекинг започна неколкудневни воени вежби во близина на Тајван, кој Кина го смета за своја територија.

Тајванското Министерство за надворешни работи во саботата рече дека кинеското „неиспровоцирано воено и економско заплашување дополнително го зајакна единството и отпорноста на глобалниот демократски табор“.

Тајванската претседателка Цај Ингвен во четвртокот изјави дека кинеската закана со сила не стивнува, иако првично се чинеше дека, досега најголемите воени вежби на Пекинг околу островот по минатонеделната посета на Пелоси, стивнуваат.

На собир во јужен Тајван пред локалните избори што ќе се одржат во ноември, Цај рече дека не се бори само против кандидатите од другите партии „туку и со притисокот од Кина“.

„Тајванците се ентузијасти и ја сакаат слободата и демократијата, така што многу добри меѓународни пријатели дојдоа во Тајван да нè поддржат. Ова е нормална и добра работа, но Кина му се заканува и го заплашува Тајван“, рече таа. „Сепак, ве уверувам дека нашата влада и војска се подготвени. Дефинитивно ќе се грижам за Тајван“, додаде таа.

Тајванската влада вели дека бидејќи Народна Република Кина никогаш не владеела со островот, нема право на него, ниту има право да одлучува за неговата иднина, која може да ја одреди само народот на Тајван. Поразената влада на Република Кина побегна во Тајван во 1949 година, откако изгуби во граѓанската војна од Комунистичката партија на Мао Це Тунг, која ја основа Народна Република Кина во Пекинг.

Кина никогаш не ја отфрли употребата на сила за да го стави демократски Тајван под своја контрола.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе