Тајмс: Недостигот од гориво во Британија ќе трае уште еден месец (ВИДЕО)

Бензинските пумпи во Британија ќе се соочуваат со нарушувања во снабдувањето сигурно уште еден месец, дури и ако луѓето престанат панично да купуваат и покрај привремените знаци дека ситуацијата почнува да се подобрува, пишува денес Тајмс, повикувајќи се на извори од индустријата.

EPA-EFE

Прекините во снабдувањето со гориво ќе продолжат бидејќи треба време за надополнување на резервоарите на бензинските пумпи, а британската нафтена и гасна компанија Бритиш петрол, која прва го нормализираше снабдувањето со нафтени деривати поради недостигот од возачи на камиони, ќе продолжи да има проблеми во следниот месец, пишува Тајмс.

Паниката меѓу Британците почна да се шири на 23 септември, кога БП затвори неколку свои пумпи поради проблемите со снабдувањето со гориво.

Корпорацијата тоа го објасни со недостиг од возачи на камиони, со кои горивото се носи на пумпите. Со тој проблем се соочија и другите компании.

Иако проблем со снабдувањето имаше само на неколку десетици од 1.200 бензински пумпи на БП низ земјата, на британските пумпи се создадоа долги редови.

Британскиот премиер Борис Џонсон најави дека „ситуацијата ан бензинските пумпи се стабилизира“, повикувајќи ги луѓето да се однесуваат нормално, односно да не ги полнат резервоарите со повеќе гориво отколку што навистина им треба.

Недостигот од возачи на тешки товарни возила кој ја предизвика кризата е поврзан со пандемијата на коронавирусот и брегзитот. Во последните две години илјадници професионални возачи од земјите на ЕУ ја напуштија Британија, а школувањето нови го отежна пандемијата, поради која во многу земји долго не се одржуваат возачки испити.

Како што вчера јави Скај њуз, повикувајќи се на извор во министерството за одбрана, британски воени возачи ќе седнат зад воланите на камиони со гориво подоцна неделава за да помогнат во решавањето на кризата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе