Тајмс: Борис Џонсон планира да забрани средби на семејства од различни домаќинства

Британската влада планира воведување општествен карантин во најголемиот дел од северна Бротанија и потенцијално во Лондон, за да се спречи ширењето на вториот бран на епидемијата на коронавирусот, објави доцна синоќа Тајмс.

EPA-EFE

Новите мерки предвидуваат затворање на пабовите, рестораните и баровите на две недели, пренесува Ројтерс.

Претходно минатата недела премиерот Борис Џонсон изјави дека нов карантин би ги загрозил работните места, секојдневниот живот на граѓаните и човечките контакти.

Тајмс наведува дека ќе бидат забранети и средби на членови на исто семејство од различни домаќинства во затворен простор.

Британија минатата недела воведе нови мерки кои бараат работа на луѓето од дома каде што е тоа можно како и рано затворање на рестораните и баровите за да се спречи ширењето на вирусот. Се предвидува мерките да останат на сила шест месеци.

Училиштата и продавниците остануваат отворени, како и фабриките и канцелариите во кои вработените не можат да работат од дома, наведува Тајмс повикувајќи се на висок владин извор.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе