Тајландски национален парк по пошта им го враќа ѓубрето на туристите што го оставиле

Посетителите на националните паркови во Тајланд наскоро, по враќањето дома, би можеле да започнат да добиваат пакети во кои управата им го испраќа ѓубрето што го оставиле зад себе.

Фото: ЕПА

Откако бројни посетители оставиле купишта ѓубре минатиот викенд во националниот парк Као Јаи во близина на Банкок, министерот за животна средина Варавут Силпа-арча им го спакувал ѓубрето и им го вратил на сопствениците по пошта, како дел од кампањата на министерот за чистење на националниот парк.

„Го заборавивте вашето ѓубре во Националниот парк Као Јаи, го собравме и спакувавме во картонска кутија и ви го испраќаме дома. Ова би требало да ве научи никогаш повеќе никаде да не фрлате ѓубре“, пишува во пораката прикачена на пакетот.

Камперите за да влезат во паркот е неопходно да остават своја адреса во администрацијата на Националниот парк, па затоа е лесно да се дознае нивната точна адреса и локацијата на нивните шатори каде што бил оставен отпадот.

Но, покрај кутијата со ѓубре, несовесните кампери ќе добијат и пријава до локалната полиција за кршење на прописите за националните паркови, пишува порталот Тајгер.

„Ѓубрето може да биде опасно за животните како елени ако го јадат пластичниот отпад што луѓето го оставаат зад себе“, објаснува Нарин Пинсакул од Националниот парк Као Јаи.

When karma is delivered right to your doorstep.

Posted by The Smart Local Thailand on Wednesday, September 16, 2020

Министерот Варавут на својата Фејсбук страница објави фотографија со празни шишиња и празни амбалажи од грицки, подготвени да бидат испратени.

Загадувањето на животната средина се казнува со затвор до пет години или со парична казна до 500.000 бахти (16.000 долари), според тајландскиот закон за заштита на животната средина.

Националниот парк Као Јаи е отворен во 1962 година и е најстариот национален парк во Тајланд. Со своите водопади и импресивната флора и фауна на повеќе од 2000 квадратни километри, се смета за еден од најубавите паркови во таа држава во југоисточна Азија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе