Тајланд: Од 34 мртви 22 се дечиња, напаѓачот се самоубил (ФОТО+ВИДЕО)

Меѓу мртвите се и сопругата и децата на напаѓачот, јавија локалните медиуми.

Во Тајланд денеска се случи масакр во детска градинка. Загинаа 34 лица, меѓу кои 22 деца. За ова злосторство е одговорен Пања Камраб, поранешен полицаец.

Камраб се самоубил по масакрот. Минатата година бил отпуштен од полициските сили поради злоупотреба на дрога, изјави полицискиот командант Јакапата Виџитраитај.

Напаѓачот употребил и огнено и ладно оружје, а локалните медиуми јавуваат дека меѓу жртвите се и неговата сопруга и деца.

Ројтерс јавува дека загинале 22 деца, а 12 се повредени. Би-би-си јавува дека напаѓачот употребил и огнено и студено оружје.

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе