Тачи не сака формирање на ЗСО, но сака припојување на југот на Србија кон Косово

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека Заедница на српски општини не може да се формира надвор од постојната уставна рамка и дека сака припојување на југот на Србија кон Косово.

EPA-EFE

„Нормално, и денес сум за припојување на Прешево, Медвеѓа и Бујановац кон Косово. Ова е моето уверување и е непоколебливо, беа повреда на територијалниот интегритет на Косово. Не сум за давање територии, но сум за интеграција на овој дел, кој е најмногу дискриминиран во регионот на Западен Балкан“, кажа Тачи.

Додаде и дека дијалогот со Белград нема алтернатива, но дека процесот не може да биде бесконечен.

„Прво треба да дојде до признавање и потоа другите процеси лесно ќе ги решиме“, кажа Тачи.

Тој смета дека улогата на САД во дијалогот меѓу Белград и Приштина е од клучна важност, но и дека ЕУ треба да биде во тесна координација со САД.

„Ножеви над мапите никогаш немало ниту ќе ги има, ни за ЕУ ни за САД. И едните и другите се фокусирани на развојот на Косово“, кажа Тачи.

Тој го повтори ставот на Приштина дека Заедницата на српски општини, која според него Србија се обидува да ја врати на преговарачката маса, не е техничко прашање и дека нема да има промена на уставот по тоа прашање.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе