Тачи го одликуваше Трамп за улогата во постигнувањето економски договор со Србија

Косовскиот претседател Хашим Тачи ќе го одликува американскиот претседател Доналд Трамп со Орден на слободата, највисоката награда на Косово, за неговата улога во постигнувањето договор меѓу Србија и Косово за нормализирање на економските односи.

Во писмото во кое увид имал Ројтерс, косовскиот претседател Хашим Тачи го известува Трамп дека ќе го добие косовскиот медал Орден на слободата.

Двајцата соработници на Трамп, советникот за национална безбедност Роберт О’Брајан и специјалниот пратеник на Трамп за преговори меѓу Србија и Косово Ричард Гренел, треба да добијат Претседателски медал за заслуги.

Гренел ја сподели веста на Твитер и му честиташе на Трамп на одликувањето.

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти на 4 септември во Белата куќа се обврзаа дека ќе ги нормализираат економските односи. Во присуство на Трамп, секој потпиша примерок на документот наречен „Економска нормализација“. Верзиите на документите се разликуваат само во последната од 16 точки.

Во писмото, Тачи изрази „длабока благодарност до Трамп за неговиот личен придонес во постигнувањето договор" и го покани да го посети Косово.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе