СЗО: Трет бран на короната во Европа во почетокот на 2021, ако не се изгради инфраструктурата

Специјалниот претставник на Светската здравствена организација (СЗО) за ковид-19 предвиде трет бран на пандемијата во Европа во почетокот на 2021 година, доколку владите го повторат неуспехот да сторат сѐ што е потребно за да го спречат вториот бран, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

„Сега го имаме вториот бран. Тие не ја изградија потребната инфраструктура во текот на летните месеци откако го ставија првиот бран под контрола. Ако не ја изградат потребната инфраструктура, во почетокот на следната година ќе имаме трет бран“, предупреди портпаролот на СЗО, Давид Набаро, во интервју за швајцарските медиуми.

Ројтерс потсетува дека Европа за кратко имаше пад на бројот на заразените, но инфекцијата повторно се прошири, а Германија и Франција во саботата регистрираа зголемување на бројот на новоинфицираните за 33.000, Швајцарија и Австрија имаат по илјадници случаи на ден, додека Турција објави рекорден број на заразени на дневно ниво – 5.532.

Во своето предупредување за третиот бран, Набаро го издвои потегот на Швајцарија да дозволи скијање, со задолжително носење маски на гондолите и жичарниците, додека другите алпски земји ги затворија скијачките центри.

Претставникот на СЗО процени дека Швајцарија може да достигне „многу високо ниво на болни и мртви“.

„Штом стапката на зарази ќе падне, а ќе падне, тогаш можеме да бидеме слободни колку што сакаме. Но сега? Дали треба да се отворат скијачките центри? Под кои услови?“, рече Набаро.

Набаро ги пофали реакциите на азиските земји како Јужна Кореја, оценувајќи дека „луѓето се целосно ангажирани“ и „го прифатија однесувањето што го отежнува ширењето на вирусот“.

„Тие одржуваат растојание, носат маски, се изолираат кога се болни, ги мијат рацете и лицето. Тие ги штитат најзагрозените групи“, изјави претставникот на СЗО, оценувајќи дека „реакцијата на Европа не беше целосна“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе