СЗО: Светот треба да се подготви за пандемија, но вирусот можеме да го победиме

Расте стравот дека епидемијата на коронавирусот ќе прерасне во пандемија поради сѐ поголемиот број заразени во светот, објави денес Би-би-си.

Како што пренесува британскиот сервис, Светската здравствена организација соопшти дека е рано за прогласување пандемија, но дека земјите треба да бидат подготвени.

Пандемија се прогласува кога заразата со исклучително голема брзина се шири од човек на човек.

Но, СЗО денес соопшти дека коронавирусот сѐ уште може да се сузбие и дека би било избрзано да се прогласи пандемија, иако вирусот Ковид-19 го има тој потенцијал.

„Клучната порака која на сите земји треба да им даде надеж, храброст и самодоверба е дека можеме да го зауздаме вирусот, многу земји токму тоа го направија. Користењето на зборот „пандемија“ не би одговарало на фактите, а сигурно може да предизвика страв“, изјави главниот директор на СЗО Тедрос Адханом Гебрејесус.

Според него, „мора да се фокусираме на зауздувањето на ширењето на вирусот и истовремено да направиме сѐ за да се подготвиме за пандемија“.

Тедрос призна дека новите случаи на зараза со коронавирусот во Јужна Кореја, Италија и Иран предизвикуваат „длабока загриженост“, но дека засега не гледа дека вирусот неконтролирано се шири по светот или дека на загрижувачки начин се зголемува бројот на смртните случаи кај заболените.

Одборот за итни случаи на СЗО на крајот на јануари го прогласи коронавирусот за глобална криза, кога надвор од Кина имаше едвај 100 случаи на заразени.

„Има ли вирусот потенцијал да прерасне во пандемија? Апсолутно има. Дали веќе сме стигнале до тоа? Нашата проценка е дека не сме“, кажа Тедрос.

Стравот од пандемија се појави по наглото зголемување на заразени во Иран, Италија и Јужна Кореја.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе