СЗО со нови препораки, во одредени ситуации треба да се носат маски и дома

Луѓето треба да носат маски и дома за да се спречи инфекција со коронавирус кога им доаѓаат посетители однадвор и не можат да одржуваат социјална дистанца, препорача Светската здравствена организација (СЗО) во средата.

Дополнително, маските треба да се носат дома за време на посета, доколку не е јасно дали просторијата била добро проветрена, според новите упатства објавени во средата во Женева.

СЗО претходно се залагаше за носење маски во простории во кои има гужва.

Здравствената организација на ООН сега исто така препорачува поширока употреба на маски во здравствените установи.

Персоналот и другите работници кои не се вклучени во болничка нега се ставени на список на лица кои треба постојано да ги покриваат носот и устата.

Пациентите исто така треба да носат маски во ситуации кога ќе дојдат во близок контакт со други лица.

Во раните фази на пандемијата ковид-19, СЗО изрази скептицизам во однос на маските и во целост не се залагаше за нивно носење, иако земјите во Европа почнаа да ги копираат земјите во азиските држави каде маските нашироко се користат заради спречување на пренесување настинки.

СЗО во средата повтори дека маските можат да им дадат на луѓето лажно чувство на безбедност и затоа имаат навика да заборават на други клучни превентивни мерки.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе