За десетина дена ќе биде објавен целосен извештај

СЗО нема да ги објави првите резултати за потеклото на пандемијата, не објаснија зошто

Светската здравствена организација (СЗО) се откажа од плановите да ги објави првите резултати од истрага за потеклото на коронавирусот во Кина и најави комплетен извештај кон средината на март.

EPA-EFE

Наместо прелиминарен извештај, целосниот извештај ќе биде претставен за една недела на 14 март, кажа денес во Женева лидерот на тимот Петер Бен Ембарек.

Ембарек ја предводеше групата од десетина други научници кои СЗО ги одбра да ги посетат болниците и истражувачките лаборатории во Вухан во централна Кина, каде за првпат беше идентификуван новиот коронавирусот, за да го откријат потеклото на ковид-19.

СЗО денес не ги изнесе причините за измената на својот план за објавување на резултатите.

Мисијата на експертите на СЗО во Кина беше објавена по повеќемесечни преговори со кинеските власти кои се обидуваа да спречат да бидат означени како виновник за пандемијата.

Резултатите претставени на првата конференција за медиуми по завршувањето на патувањето во Кина беа нејасни. Ембарек, најверојатно, ја исклучи можноста вирусот да избегал од лабораторија во Вухан, туку ја изнесе тезата дека вирусот на луѓето се пренел од лилјак преку некој посредник, како што претходно се претпоставуваше.

Мисијата беше на удар на критики, а СЗО опсипана со обвинувања дека премногу се потпирале на политички компромитираните кинески податоци и теренска работа.

Членовите на тимот и самите кажаа дека Кина била воздржана во споделувањето на клучните податоци кои би можеле да упатуваат дека болеста се ширела со месеци пред да биде препознаена.

Група од 26 научници објавија отворено писмо во кое наведоа дека мисијата на СЗО „го немала мандатот, независноста или потребниот пристап за да спроведе целосна, непречена истрага“, за теориите за потеклото на ковид-19.

„Сите претпоставки се и понатаму на маса, а јас допрва треба да видам барем еден дел од независен научен доказ кој би исклучил некои од нив“, кажа еден од научниците, Николај Петровски, експерт за вакцини на Универзитетот Флиндерс во Аделаида во Австралија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе