СЗО: Бројот на смртни случаи од ковид во светот е намален, но бројот на нови случаи расте

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека бројот на смртни случаи од коронавирус на глобално ниво е намален за околу 21 отсто во текот на минатата недела. Но, тие велат дека бројот на заразени се зголемил во повеќе делови на светот.

Фото: ЕПА

Во својот неделен извештај СЗО наведе дека бројот на нови случаи на заразени минатата недела бил околу 3,5 милиони, што е зголемување за еден процент од крајот на март, пишува АП.

Бројот на случаи е зголемен во Америка, Африка, Блискиот Исток и Западен Пацифик, додека е намален во Европа и Југоисточна Азија. Пријавени се околу 9.000 смртни случаи поврзани со ковид. Пријавените податоци за ковид не ги вклучуваат податоците за епидемијата објавени од Северна Кореја. Таа држава сè уште официјално не споделила податоци за заразата со СЗО.

Лидерот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус рече дека е исклучително загрижен за ширењето на ковид во Северна Кореја, истакнувајќи дека населението не е вакцинирано и дека има значителен број луѓе со лошо здравје и имунитет. Тој посочи дека тоа води до потешка болест и смрт.

Тедрос рече дека СЗО работи на убедување на Северна Кореја да сподели повеќе информации и да прифати помош, вклучувајќи техничка поддршка, вакцини, тестови и лекови. Но, досега државата не дала никаков одговор.

Кина има најголем број пријавени случаи во Западниот Пацифик, која бележи пораст од 94 отсто, што значи над 389.000 нови случаи на зараза. Кинеските власти соопштија дека ќе дозволат повторно отворање на некои трговски центри и ресторани во Шангај следната недела.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе