Светските лидери загрижени поради наводите за ликвидации во Авганистан

Повеќе од 20 земји, вклучувајќи ги Соединетите Американски Држави, Германија и Британија, објавија заедничко соопштение со кое изразуваат загриженост околу тврдењата дека поранешни припадници на безбедносните сили исчезнале или дека се егзекутирани во Авганистан.

EPA-EFE

Соопштението доаѓа по извештајот на организацијата за заштита и промоција на човековите права Хјуман рајтс воч (ХРВ) во вторникот, во кој се наведува дека повеќе од стотина поранешни припадници на авганистанските безбедносни сили се убиени или исчезнале откако талибанците ја преземаа контролата над земјата пред речиси четири месеци.

„Истакнуваме дека наводните дејства претставуваат сериозна злоупотреба на човековите права и се во спротивност со помилувањето кое го најавија талибанците“, се наведува во заедничкото соопштение кое го објави Стејт департментот.

Земјите, меѓу кои Канада, Јапонија и Шведска, повикаа на целосна и транспарентна истрага по тврдењата на ХРВ.

„Оние кои се одговорни мора да одговараат, а тие чекори мора јасно да се објават како моментално одвраќање од понатамошни убиства и исчезнувања“.

„Ќе продолжиме да ги проценуваме талибанците според нивните дела“, се заклучува во соопштението.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе