Светот се вооружува: Ни пандемијата не го спречи растот на воените трошоци

Воените трошоци во светот во 2020 година изнесувале 1,93 билиони долари, што е за 1,9 отсто повеќе отколку во 2019 година, се наведува во извештајот на информациско-аналитичкиот центар Џејнс.

EPA-EFE

Седма година по ред се бележи пораст на воените трошоци, се наведува во извештајот. Во 2010 година тие изнесувале 1,75 билиони долари. Експертите очекуваат во следните неколку години, под влијание на пандемијата на коронавирусот, растот да успори, а последиците особено ќе бидат видливи во 2022 година.

Меѓутоа, до 2030 година, според мислењето на воените експерти, воените расходи би можеле да достигнат 2,23 билиони долари.

Минатата година, воените расходи највеќе од сите ги зголемила Европа – за 5,6 отсто. Меѓутоа, Северна Америка е вон конкуренција – на неа отпаѓаат 40 отсто од вкупните воени трошоци во светот. Потоа следат земјите од Азиско-пацифичкиот регион и Западна Европа.

Уделот на Русија и земјите од Заедницата на независни држави во глобалното воено трошење е два отсто (во 2010 година било три отсто), исто колку и на Источна Европа. Уделот на Блискиот Исток и Северна Африка изнесува девет отсто, а на Јужна Америка три отсто.

Според мислењето на експертите, ситуацијата ќе се смени, па до 2030 година уделот на Азиско-пацифичкиот регион во глобалните воени расходи ќе биде 37 отсто, а на Северна Америка 33 отсто.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе